Германскиот новинар и добар познавач на Балканот, Михаел Мартенс, во објава на Твитер ја сублимира основната разлика меѓу Грција и Бугарија во нивниот однос кон Македонците.
„Атина сакаше да им каже на Македонците што не се. Софија сака да им каже на Македонците што се. Или барем што беа. Соодветно, како и зошто станаа она што Бугарите мислат дека не се или, ако навистина се, никогаш не требаше да станат. Така нешто“, твитна дописникот на германскиот весник „Франкфурте алгемајне цајтунг“.






