Стотици илјади Американци излегоа на марш во главниот град Вашингтон за да му изразат поддршка на претседателот Доналд Трамп.
Преку социјалните мрежи тој им порача дека нема да дозволи изборите да ги „украде компанија чиишто сопственици се радикални левичари“, мислејќи на „Доминион“, чиишто машини се користат низ САД на изборите.
„Стотици илјади луѓе ја изразија својата поддршка во Вашингтон. Тие нема да прифатат наместени избори“, објави Трамп на Твитер.
Тој претходно твитна дека гласачките машпини му избришале 2,7 милиони гласови, а стотици илјади му припишале на неговиот противкандидат Џо Бајден.
„Ние ќе победиме“, порача Трамп, кој демонстрантите ги поздрави од претседателската лимузина.
Собирот се одржа под мотото „Марш на милионите. Да ја направиме Америка повторно голема“, што беше слоган на кампањата на Трамп.





