Во 2017 година околу 825.000 лица од целиот свет добиле државјанство на земја членка на Европската унија.
Најбројни меѓу „добитниците“ на европски пасош се Мароканците – 67.900, а веднаш за нив биле 58.900 државјани на Република Албанија.
Мароканците најчесто или 83 отсто станале Италијанци, Шпанци и Французи.
Според податоците објавени од страна на Евростат, 97 отсто од албанските граѓани добиле италијанско или грчко државјанство.
По Мароко и Албанија на трето место со 31.600 ЕУ државјанстава се граѓаните на Индија…




