Почнува сезона на респираторни инфекции, и ќе биде многу лошо ако сите инфекции ги ставаме во „кошот“ на Ковид, рече синоќа во гостување на ТВ21, професорот Вело Марковски.
„Хаосот прави проблем. Кивне ли човек, а може од 500 причини да кивне, одма го фаќа паника, трча да се тестира… Мислам дека треба само тие што имаат симтпоми (на коронавирус-н.з.) да се тестираат и заедно со серолошки тестови“, вели Марковски.
„Посебно во овие есенски и зимски месеци доаѓаат, каде што ќе има и други инфекции, и ќе биде многу лошо ако сите тие ги ставаме во ковид кошот“, рече Марковски.






