Црногорскиот премиер Душко Марковиќ смета дека Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори со Европска унија во јуни, бидејќи тоа не е само нивен интерес, туку и на регионот во целина.
„Црна Гора не може понатаму да напрадува ако заостануваат Македонија и Албанија, ако Босна и Херцеговина не добие шанса и ако Србија и Црна Гора не продолжат со темпото со кое започнаа“, изјави Марковиќ на Виенски економски форум организиран во Софија еден ден по самитот „ЕУ – Западен Балкан“.
И српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека на граѓаните од регионот им е потребен просперитет и отворање преговори со Албанија и со Македонија е вистинската работа што треба да се случи.





