„Нема ефикасен начин да се утврди од каде потекнуваат дојавите за бомби и очигледно е дека тоа се прави без некој редослед а целта е да се тестира трпението на јавноста и мислам дека потекнува од еден центар.
Целта е да им се огади системот на луѓето и да падне нивната доверба“, вели универзитетскиот професор Ненад Марковиќ во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24.
Тој вели дека треба да се напдрават напори и да се утврди потеклото на тие дојави на бомби во училиштата иако како што рече, „тоа е тешко кога станува збор за дојави кои доаѓаат преку ВПН технологијата. Едно време такви закани имаше во Србија, па престанаа. Сега од некоја причина е избрана Македонија“.
Со оглед на тоа дека истите проблеми ги има насекаде, вели Марковиќ, не ни преостанува ништо друго освен да се навикнеме на овие вознемирувања.







