Марко не исчезнал, туку отишол кај мајка му во Бугарија

По објавите и апелите на социјалните мрежи дека 29-годишниот Марко Давчев од Струмица „исчезнал“ и дека речиси цела недела нема ни трага ни глас од него, со соопштение вчера се јави МБР.



Веднаш биле преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и е утврдено дека тој остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село.

Во соопштението од МВР се наведува дека „исчезнувањето“ за М.Д е пријавено во Полициската станица Струмица на 09.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д.(64).

„ Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село. Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.