Британскиот историчар и експерт за Балканот Марко Атила Хоаре на Македонците им дава рецепт за борба со грчките националисти кој е многу едноставен.
Научникот со хрватско потекло вели дека употребата на исправното име Македонија ќе ги вознемири радикалите кај јужниот сосед.
“Грчките националисти сакаат вие да ја нарекувате земјата Македонија со името Северна Македонија. Затоа вие треба ја нарекувате со исправното име Македонија ако сакатр навистина да ги вознемирите.
Над 70 проценти од грчките граѓани сметаат дека терминот Македонија не треба да стои во името на земјава затоа што северниот сосед на Грција има екслузивно право на употреба на Македонија вклучително и историското наследство од античкиот период од кое владата на Заев се откажа со Преспанскиот договор.




