Кандидатката за претседател на Франције и лидер на партија „Национален сојуз“, Марин ле Пен, е убедена дека земјата е подготвена да избере жена претседател, што би било историски преседан.
„Жена во Елисејската палата – тоа само по себе би било голема промена на овие избори“, рече таа денеска на предизборен митинг во јужниот француски град Перпињан.
Ле Пен е една од водечките накдидати во претседателската трка пред првиот круг од изборите на 10 април.
Таа потсети дека пред 77 години, во април 1945 година, Французинките за првпат добија право да гласаат на општинските избори, но, според неа, оттогаш „нешто остана непроменето“ зашрто никогаш досега во историјата на Републиката, жена не била шеф на државата.
„Како една жена да не е способна да направи такво нешто. Во тоа веќе никој сериозно не се сомнева. Оваа ситуација е апсурдна затоа што нашата земја е подготвена. Тоа би било знак за демократска зрелост во лицето на другите европски земји“, Ле Пен.
Покрај Ле Пен, за претседателските избори се борат уште три жени.
Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга – на 10 и 24 април.







