Маричиќ за евентуално новите барања на Софија: Ако не дај Боже ги има, очекувам притисок од ЕУ

Дали македонската влада очекува компликации од Софија при усвојувањето на скрининг извештајот за кластерот 1 во рамки на ЕУ, но и за трите патокази и Акцискиот план кои мора да се изготват следните месеци, вицепремиерот Бојан Маричиќ кажа дека Софија ќе биде позаинтересирана од останатите членки на ЕУ, но дека македонската влада има канали на комуникација со новата бугарска влада.



Порача, дека Македонија ќе настапи подготвена со сите документи, вклучително и обврските од Протоколот.

– Доколку успееме да ги завршиме нашите обврски, нема Бугарија да има кредибилитет да вади дополнителни причини за какво било блокирање. Очекувам, ако тоа, не дај боже се случи, да има силен притисок од другите земји членки, да се тргнат било какви нови прашања од масата. Мислам дека Бугарија тоа го разбира, но мислам дека има и добра волја – рече Маричиќ.