„Колку повеќе чекаме повеќе и сè поголеми прашања ќе се отвораат, што само ќе го комплицира процесот и ќе ја зајакнуваат позицијата на Бугарија.
Да не дозволиме да го комплицираме процесот кога сега ни е патот јасно поставен пред нас, истакнува во интервју за „Рацин“ вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Вицепремиерот негира дека Договорот е направен по ‘бугарски диктат’.
„Напротив, сме постигнале Договор со кој сме го извлекле максимумот и кој сме го преговарале во наша полза, со што успеавме да ги ставиме во една рамка барањата и обврските од двете страни, и македонските и бугарските“, вели тој.
Маричиќ уште вели дека не постои ниту еден аргумент дополнувањето на македонскиот Устав да се нарекува бугарски диктат.
„Тоа е европски предлог и зад ваков предлог цела ЕУ никогаш повторно нема да застане заедно затоа што во Унијата има турбулентни процеси и европски избори следната година“, посочува Маричиќ.
Подобар Договор од овој кој го имаме не може да се постигне, со овој сме во поволна позиција од која може лесно и безболно за нашите национални интереси да се поентира и да се загарантира европската перспектива, наведува Маричиќво интервјуто.







