Бицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ во денешното гостување на ТВ 24 изрази сомнеж во анкетите за рејтинзите на партиите.
„Не е толкава разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како што велат објавените анкети, изјави Вицепремиерот.
Според него, не може да се гледаат само рејтинзите на овие партии.
„Многу е битно двотретинското мнозинство за повеќе точки поврзани со нашиот процес за влегување во ЕУ, а за тоа е потребна соработка со опозицијата.
Кога станува збор за ЕУ, дневната политика треба да се тргне на страна, а не секојдневно да се бараат избори. Изборна година е изгубена година и затоа ние настојуваме да нема предвремени избори.
Не очекувам кај нас да се случи бугарско сценарио односно да се доведеме во ситуација да не можеме да формираме влада по изборите“, вели Маричиќ.







