Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ нема да победи на избори и нема да состави влада

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да победи на наредните парламентарни избори и дека нема да ја формира наредната влада.



„Особено доколку го задржи антиевропскиот курс на својата политика“, изјави тој во вестите на телевизија Сител, каде ја нагласи важноста на носењето на одлуката за ЕУ токму сега.

„Изборите секогаш траат меѓу 60-90 дена, ако ги одземеме наредните 60 и 90 дена со сите процедури по изборите за формирање на влада веќе доаѓаме до самиот крај на годината, тоа значи дека целото ова време од наредните четири месеци сме го искористиле за избори, а по нова година веќе европските институции ќе влезат во едно предизборно расположение бидејќи во јуни се европските парламентарни избори“, изјави Маричиќ.

„Сигурен сум дека Албанија и сојузниците на Албанија ќе сакаат да се разговара и за втора меѓувладина конференција за Албанија, секако и за нас доколку за тоа постојат услови, но ако не ги исполниме уставните измени за ова нема да постојат услови“, изјави Маричиќ.