Во гостување на ТВ Сител министерот за правда Бојан Маричиќ, изјави дека Владата се уште не одговорила на Судот во Стразбур за аболициите на екс-претседателот Ѓорге Иванов, а рокот истекува на 18 декември.
„Очекувам во наредните две недели, на една од наредните седници и ова прашање да се разговара и да се донесе заклучок. Ние работиме на анализа на сите факти и аргументи кои дојдоа до нас, вклучувајќи го и она што го одлучи пред скоро време и Уставниот суд во однос на членот 11а, што е непосредно врзано за случаите што се наоѓаат пред Стразбур“, рече Маричиќ.
Министерот рече дека пред 18-ти декември, ќе биде објавено која е одлуката и како понатаму.






