Подготвени сме за следната фаза од преговорите, за која неопходно е завршувањето на обврските од Преговарачката рамка за пристапување на Република с. Македонија во Европската Унија, којашто ја усвоивме на 19 јули 2022 година.
„Уставните измени се влог за нашата иднина, без да изгубиме ништо. Напротив ја прави европската перспектива на земјата реална и остварлива“ изјави денеска заменик премиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Тој се обрати на заедничката седницата на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања при Собраниетона која се разговараше за успешниот состанокот на Европскиот Совет од кој, како што се очекуваше, од земјите членки стигнаа охрабрувачки пораки за проширувањето ЕУ и дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан е извесна и остварлива.





