„…Маричиќ и Ковачевски се оградуваат од Македонците во Бугарија и велат дека нема да се мешаат во малцинските права во Бугарија, а во исто време дозволуваат официјална Софија да им диктира промена на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во неговата преамбула“, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните изјави на министерот за евронтеграции и на новиот премиер Димитар Ковечавски во кои се „оградуваат“ од Македонците во Пиринска Македонија.
„Каде се Маричиќ и Ковачевски по истите принципи да побараат реципроцитет и да и порачаат на официјална Софија да не се меша во внатрешните работи на Македонија? Напротив, молчат и поданички се поклонуваат, а го газат и навредуваат својот народ во континуитет.
Впрочем Маричиќ може смени ресор, ама не смети табиет“- констатираат од партијата и потсетуваат дека како како министер за правда Маричиќ го ограничи користењето на терминот Македонија за здруженија на граѓани и организации.
Сега од прв ден во новиот ресор за евроинтеграции продолжува со активности кои наликуваат на ставовите на антимакедонските и негаторските субјекти од регионот“, валат од ВМРО-ДПМНЕ.






