Министерот за правда Бојан Маричиќ, во гостување на ТВ21 порача дека дека сите граѓани треба да бидат попишани бидејќи државата веќе ги има најголем дел од податоците преку различните регистри на институциите.
„Тоа што ни треба е верификација на тие податоци за да добиеме една целосна, вистинита и реална слика“, вели министерот.
Маричиќ потсети дека постојат и санкции за оние кои одбиваат да се попишат.
„Нормално постојат и прекршочни мерки, односно глоби за оние кои би одбиле попишувачи, меѓутоа ние не сакаме како институција и како Влада воопшто да посегнуваме по тие методи. Сакаме да ги мотивираме и затоа и ја правиме оваа кампања, и јавно ги повикуваме граѓаните да се попишат бидејќи нема никаков интерес да не се попишат. Не се прави никаква политичка изјава со тоа што нема да се потпишат. Пописот е важен за сите“, посочи Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.






