Ако не ја исполниме сега обврската за уставните измени, ќе стане потешка во иднина, предупреди вицепремиерот за евроинтеграцвии Бојан Маричиќ сопоред кој досегашното искуствопокажало дека ако ваквите обврски се остават на чекање, со текот на времето тие стануваат потешки, а не полесни.
„По велигденските празници Работната група на Министерството за правда за уставните измени, со кои бугарската и другите помали заедници треба да бидат вметнати во Преамбулатаво Уставот, ќе го одржи првиот состанок со што ќе почне и формулирање на предлозите за измените за кои потоа ќе се отвори јавна дискусија.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Студио 10“ на ТВ 24, побара сите да се постават одговорно и на ниво на задачата во овој процес.
Министерството за правда вчера го објави составот на работната група, со членовите предложени од партиите и институциите, додека експертите кои ќе бидат дел од ова тело, според најавите, треба да бидат познати до крајот на неделата.
ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии одбија да се вклучат во процесот.






