Господинот Талат Џафери има знаење и искуство да ја води техничката влада и затоа ќе ја добие нашата поддршка без дилема, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вечерва во Дневникот на Сител.

– Во едни тешки собраниски услови, при активна блокада од опозицијата тој се бореше и се избори да имаме колку што е можно функционален парламент – додаде Маричиќ.
Тој додаде дека доколку опозицијата реши да не учествува во техничката влада, тоа е избегнување на законска обврска.
– Имено, ние од 2015 наваму имаме Пржинска влада и таа влада е гаранција дека ќе имаме фер и демократски избори и претставува законска обврска. Бегство од одговорност на опозицијата е страв од пораз на изборите – рече Маричиќ.





