Откако А1ОН откри дека вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ потрошил за јадење 5000 евра годишно високиот функционер на СДСМ го обвини медиумот дека манипулира со сумата на пари што ја трошел месечно.
За да се извади дека има логика да јаде на државна сметка тврдејќи дека не се работи за многу пари, Маричиќ се издава дека додека бил министер за правда јадел секој ден во годината од парите на даночните обврзници.
Според сумата што ја дава како дневен трошок а ја дели од вкупната сума значи дека вицепремиерот на државна сметка јадел облога бил на викенди и одмори со семејството и кога бил на приватни патувања, викенди, државни празници и генерално кога не бил на работа.
Во сумата не се пресметани ручеците и вечерите кои се платени од други организатори.
Дури признава дека во една прилика ручал на државна сметка иако бил само 3 часа на службен состанок.
Маричиќ на А1ОН не им дава извештаи за тоа што работел додека јадел или што јадел додека работел.
Сите детали од оваа ,,Калорична афера” во текстот на А1ОН





