Министерот за правда Бојан Маричиќ преку Твитер му одговори на владиката Петар кој постави прашање дали на пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност и дека доколлку нема, ќе повика на бојкот.



„На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Очекувам сега, владиката Петар, за доброто на државата да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот“, напиша Маричиќ.