Маричиќ ја уништи пропагандата на СДСМ, призна дека Мицкоски не се согласил со смена на уставот

Вицепрепиерот Бојан Маричиќ, во гостување на телевизија Сител, ја урна пропагандата на СДСМ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле со промена на уставот.



Маричиќ во интервјуто признава дека нема договор со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и дека СДСМ размислува наместо на ниво на партија поддршка на уставните измени да добие со индивидуален контакт со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Неискусниот Маричиќ кој со својата изјава ја урива официјалната пропаганда на Бихаќка дека ВМРО-ДПМНЕ се согласило со уставни измени посочи дека треба да се продолжи од таму каде што застана лидерската средба, но тоа да биде во реални рамки и со разумен разговор.

,,Ќе дадеме уште некоја шанса во наредните денови за опозицијата, сепак, да пристапи кон овие разговори за да можеме заеднички да го договориме и спроведеме планот за уставни измени. Доколку тоа не се случи и доколку апелите за разумен дијалог од наша страна не вродат со плод кај ДПМНЕ, ние секако дека ќе тргнеме во разговор со секој пратеник”, рече Маричиќ.

Според Маричиќ, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се движат во нереални рамки и надвор од преговарачката рамка, што значи повторно преговарање на рамката која што е веќе усвоена минатата година.

,,Сметам дека е разумно и одговорно, да седнеме, сакаат тимски, сакаат поединечно, сакаат пак лидерска средба и да разговараме таму каде што застана лидерската средба, во наредните денови јас сум сигурен дек може да ги поместиме позициите, но доколку сето тоа биде во реални рамки. Ние може да бараме Бугарија да нема право на вето или да ги смениме правилата во ЕУ, во минатото сме се обидувале да ги смениме правилата во НАТО, не сме успеале и затоа треба да имаме разумен начин на разговор каде заедно ќе ја преземеме одговорноста, ќе ја споделиме одговорноста во таа заедничка влада и ќе им олесниме на граѓаните дека навистина имаме европска перспектива”, истакна Маричиќ кој практично признава дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа уставните измени.