Поранешниот министер за правда, сега вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, вели дека Македонија има еден од најлибералните закони во Европа за регистрација на Здруженија, поради што неселективно се регистрирале здруженија.
„Навистина неселективно се регистрираа здруженија и тоа во праксата покажува извесни проблеми“ изјави Маричиќ за Фокус.
„Имаше еден случај, има и други такви случаи. Иако ние сме се одлучиле за најлиберална регистрација затоа што во минатото сме имале и случаи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур каде што имаме изгубено како држава.
Факт е дека има потреба од креирање на таков регистар бидејќи нели ограничувањето на слободата на здружувања се јасно дефинирани и тие имаат определени граници и таа гарантирана со Уставот. Кај нас е слободата на здружувањето гарантирана со Уставот, вели Маричиќ.
Тој вели дека има информации дека се подготвува нов закон.
„Министерот Тупанчевски е најрелевантен да го каже тоа, но според моите информации се подготвува нов закон за здруженија и фондации врз основа на кој ќе треба да се направи и таков регистар кој што ќе, или генерички ќе објасни каков тип на имиња не би биле дозволени на здруженијата, каков тип на називите, или пак точно кои поединечно ќе ги наброи кои називи не се дозволени. Мислам дека тоа е потребно секако.
Тоа не смее да значи и не може да значи ускратување на било чие право“, вели вицепремиерот за Фокус.







