Португалскиот предлог за повлекување на бугарското вето за старт на преговорите на земјава, го разгледувавме врз основа на тоа што ни беше доставено како документ, а не врз основа на вчерашните изјави, изјави денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со пренесената изјава на португалската државна секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик.
„Она што го видовме во документот и она што го има во предлогот на преговарачката рамка во ниту еден момент не го одразува ова што го кажавте. Значи, во преговарачката рамка е наведен македонскиот јазик без никакви додавки“, изјави Маричиќ.
Тој нагласи дека со португалскиот предлог не се доведува во прашање посебноста на македонскиот јазик.
Во исто време, екс-министерот за надворешни и актуелен заменик премиер за евро интеграции Никола Димитров побарал објаснување од Лисабон по вчерашната изјава на Закаријаш дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот…







