Маричиќ ги „кара“ Македонците: Не сакаат да го сменат Уставот и да се запишат на ЕУ-факултет, од страв Бугарите да не ги оборат на испити во трета година!

„Да не донесете уставни измени е како да не се запишете на факултет од страв дека во трета година може да паднете на некој испит!“ – ова го кажа вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на прес-конференцијата, од која нагласки пренесува „360 степени“ и Македонската (не Медиумската) информативна агенција МИА.



Маричиќ уште тврди: „Она што не може да се избегне се уставните измени. Уставните измени се влог за нашата иднина, без да изгубиме ништо. Напротив, ја прави европската перспектива на земјата реална и остварлива. Согласно со обврските, патоказите и акцискиот план, усвоени вчера на владина седница, а денеска официјално ќе бидат доставени до ЕУ, останува обврската од Преговарачката рамка за усвојување на уставните измени, што е обврска на секоја партија и пратеник.

„Оваа 2023 година беше година на успешен скрининг, а 2024 година треба да биде година на обновен политички консензус за европска интеграција, за политички консензус не заради партиските придобивки, туку заради остварување на стратегиската цел и заедничката иднина, а тоа е * Македонија да стане членка на ЕУ до 2030 година.“ – рекол вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата, иако веќе и високи еврофункционери и државници од земјите-членки на ЕУ отворено признаваат дека е невозможно до 2030 година ЕУ да ја прими Македонија, какви и да промени направи, а не само да ги стави Бугарите во својот устав.