Вицепремиерот за европски прашање Бојан Маричиќ вели дека идејата на ЕК е да се отвори првиот кластер со Македонија до крајот на оваа година, „ако си ги завршиме обврските со уставните измени’.
Во синоќежното гостување на Телма, Маричиќ потенцираше дека по прв пат зависи само од нас дали ќе решиме да сопреме или не.
„Ние сме свесни дека ова е неправедно и дека Францускиот предлог не е идеален. Така свесни и го предложивме во Собрание.
Свесни сме и дека премногу отстапки направивме до сега, но исто така сме свесни и дека по прв пат имаме реална шанса да ги завршиме преговорите, односно да продолжиме понатаму и да го направиме тоа што не успеавме 17 години, да станеме членка. Тоа е реална можност, тоа не е веќе само теоретска шанса – рече Маричиќ.








