Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на Отворената трибина „Македонски труд-Европска социјална политика” во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ на Секретаријатот за европски прашања, која синоќа се одржа во Струмица.
Како што рече, нашата држава споделува многу вредности со Европската Унија и затоа определбата за зачленување во ЕУ е определба за зачувување на стабилноста, просперитетот, соработката и успехот.
Маричиќ вели дека деновиве има многу прашања зошто толку многу брзање, зошто се инсистира токму таа година…
„Јас им велам во 2030 година ќе има прием на нови членки во ЕУ. На ваква бина ќе стојат претставниците на Украина, на Молдавија, на Србија, на Црна Гора, на Албанија.Ние ќе направиме се на таа бина да стојат и претставниците на нашата татковина. Што ќе им кажеме на младите ако не успееме да застанема таму во 2030 година?
Како ќе им објасниме дека оваа година не сме биле подготвени да носиме одлуки за тие во 2030 година да имаат европски пасош“, рече вицепремиерот за евроинтеграции.







