Лидерот на бугарската партија Воља Веселин Марешки јавно ја објави тезата дека е крајно време Бугарија и Македонија да бидат повторно заедно и дека тоа е единствениот начин Република Македонија да влезе воп ЕУ.
„На сите им е јасно дека нема да им дадеме зелено светло за ЕУ, додека одредени кругови таму работат против Бугарија и им служат на старите тезио. Времето на Тито и Сталин е минато за да им овозможи на нивните политики да живеат во 21 век. Покрај тоа, тие се штетни за Бугарите од двете страни на границата. Ова лудило мора да се запре“ вели Марешки за бугарски портал
Ние сме една нација, со заедничко минато. Ако успееме да го елиминираме влијанието од корист на една или друга голема земја, ако гледаме само на интересите на нашите граѓани, обединувањето е логичен пат. На овој начин, сите шпекулации со историјата ќе се вкрстат и тие нема да бидат пречки за иднината.
И нашите браќа автоматски ќе станат европски граѓани. Убеден сум дека има мудри луѓе во обете земји кои разговараат за оваа опција, колку и да изгледа изненадувачки во оваа фаза“, вели заменик-претседателот на бугарскиот парлемент Веселин Марешки, за Actuelno.com.




