Партијата на домородните Маори од Нов Зеланд повика на „развод“ од британската круна и смена на кралското семејство од позицијата „шеф“ на таа држава.
Поканата е испратена на 182-годишнината од потпишувањето на Договорот Ваитанги или „Te Tiriti o Vaitangi“, односно основниот правен документ на Нов Зеланд, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
Тој договор требаше да гарантира заштита на нивните права на земјиштето, но во првите 100 години по неговото потпишување, Маорите изгубија повеќе од 90 отсто од нивната земја преку комбинација на директна конфискација од страна на круната, приватна или државна продажба и судска пракса што не признаваат колективна сопственост.
Обидите на Нов Зеланд да се остамостои и да стане република, досега беа неуспешни, а според анкетата минатата година, само една третина од Новозеланѓаните во моментов сакаат да ги прекинат врските со монархијата, а 47 отсто се против.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека е републиканка, а во 2021 година рече дека верува дека Нов Зеланд ќе стане република до крајот на нејзиниот живот, но дека нема да преземе ништо по тоа прашање за време на нејзиниот мандат.







