Претседателот на Комитет за надворешна политика на бугарскиуот парлемент, адмирал Пламен Манушев, верува дека премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев ќе најдат решение за спорните прашања меѓу двете земји, пренесува БГНЕС.



„Процесот е исклучително интензивен и се надевам дека овие работи ќе се случат во наредните денови. Премиерот Зоран Заев и нашиот премиер се бедени дека такво решение ќе се најде. Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева го изрази ставот на Бугарија пред нивниот министер за надворешни работи. Цврсто сум уверен дека ќе најдеме решение за овој спор и процесот ќе почне “, вели адмиралот.

Манушев вели дека е изненаден од вчерашната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев, кој тврди дека барањата на Бугарија не се добрососедски, и се непријателски и неевропски.

„Веројатно тоа беше испровоцирано од разговорите што македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи ги имаше во Софија.

Не знам зошто го рече тоа, но ние објавивме меморандум до сите европски институции, во кој кажуваме кои се нашите барања и црвени линии од кои не смее да се отстапи, а двете страни треба да најдат компромисно решение“, вели Манушев.

„Никој не сака да бидеме пречка за европската интеграција на Северна Македонија, која е братска држава и братски народ“, додава претседателот на парламентарниот Комитет за надворешна политика.