И претседателот на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент и пратеник на владејачката ГЕРБ, се вклучи во хорот политичари кои ставаат до знаење дека без отстапки кои ги бара Бугарија, Софија нема да го поддржи почетокот на преговорите во декември на Република Македонија за нејзиниот пристап во Европската унија.



„Ситуацијата стана доста комплицирана, но Бугарија категорично изјави дека има црвени линии од кои не можеме да отстапиме. Зато беше тој меморандум за објаснување до сите земји-членки и до европските институции. Добрососедските односи меѓу Рс Македонија и Бугарија мора да бидат присутни хоризонтално во текот на целиот процес на преговори, во сите поглавја што се отворени.

„Ако е прекршено едно од поглавјата, преговорите за пристапување на Македонија треба да се одложат“, изјави Манушев за БГНЕС.

Тој вели дека Бугарија ќе инсистира името на нашиот сосед да се користи во целост – Република Северна Македонија, а не само Северна Македонија, за да не се покажуваат никакви претензии кон северниот дел на географската област на Македонија.

„Така е и со јазикот. Конечно сакаме да се признае реалноста дека нацијата и јазикот во Рс Македонија потекнуваат врз основа на бугарските корени, кои ги имале во минатото и во историјата. Тие сега категорично одбиваат да се случи ова“, вели шефот на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент.