Владеачката СДСМ со фотографија сликана еден ипол час пред почетокот на митингот на опозицијата и Гордана Сиљановска се обиде да ја изманипулира јавноста дека изборниот собир минал со мал број луѓе.
“Вечерашната слаба посетеност на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е уште една потврда дека граѓаните не сакаат блокади, кочење и враќање назад.Граѓаните се за напредок, сигурна и стабилна иднина во НАТО и ЕУ, за концептот на Стево Пендаровски. Затоа поддршката за Пендаровски секојдневно расте, а тоа го потврдуваат и сите релевантни анкети.На 21-ви април граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател. Заедно напред!”, пишува во соопштението на СДСМ под фотографијата сликана при стемнување на 90 минути пред почетокот на митингот.
Од фотографиите сликани кога митингот беше почнат се гледа дека СДСМ свесно манипулира затоа што густа толпа луѓе се протега од мостот Гоце Делчев до бината на почетокот на улицата Илинденска.

Зошто СДСМ се обиде да манипулира на ваков ефтин начин кога е јасно дека фотографиите ќе ја откријат вистината знаат само во партијата на власт која денеска има митинг во Скопје.





