Маневски до Урсула Лаен: Со кое право ЕУ го крена прашањето за Бугарите во Уставот на рамниште на уцени и жесток притисок врз Македонија?!

„Не ви е ли срам Урсула фон дер Лајен што ѝ го ставате прашањето на уставните измени  како јамка околу вратот на Македонија, а 18 години се  игнорираат 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права? Зошто молчите за ова и се правите како ова прашање да не постои? Со кое право ЕУ прашањето за Бугарите во Уставот го издигна на ниво на уцени и жесток притисок врз Македонија?“ – ѝ реагира жестоко поранешниот министер за правда Михајло Маневски на Урсула Лаен, шефицата на Европската комисија, поради нејзините најнови притисоци врз Македонија да го промени својот Устав во корист на Бугарија.



Преку својот фејсбук-профил Маневски натаму истакнува: Не се ли доста нашите понижувања Урсула фон дер Лаен? Уште што ќе не натерате да направиме? Го сменивме светото име МАКЕДОНИЈА со понижувачко „северна“, ама портите на Брисел останаа затворени. Се обидувате и сега да не убедите да внесеме 3,5 илјади Бугари во Уставот?

На кое дереџе падна ЕУ?! Не третира како недоносени. Но, ние не сме неписмени и некултурни. Знајте дека писменоста во раните векови потекна од Македонија. Светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Св. Климент и Св. Наум описменуваа многу народи во Европа.

Жално е претседател на Европската Комисија да биде толку заслепен и неправичен.  Ајде, кажете Лаен барем една причина зошто Македонците во Бугарија, во Пиринска Македонија се обесправени и поробени и немаат никакви човекови права? Појдете во Софија и прашајте зошто не се спроведуваат 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права? Прашајте зошто не се почитуваат основните права на Македонците во Бугарија да ја изразуваат својата самобитност, да учат на мајчиниот македонски јазик, да се здружуваат….

Жално е што претседател на Европската комисија ја избегнува опозицијата и не сака да се сретне со претседателот на најголемата опозициска партија.  Оваа ваша постапка Лаен не е воопшто демократска. Многу е примитивна за еден толку висок претставник на ЕУ!