Манев: Што да очекуваме од Стево ако 102% се согласува со Заев!

„Стево ми делува образовен и пристоен човек. Но, ме чуди една работа. Господинот Пендаровски, скоро на секој митинг кога им се обраќа на присутните граѓани, упорно повторува и тврди дека 102 отсто се согласува со идеите и дејанијата на премиерот Зоран Заев, дури би се сложил да биде и негов камшикар!



Кога го слушам и гледам на ТВ-екранот се велам: Добро бре, Стево, ако навистина 102 отсто се согласуваш со Заев и сакаш да бидеш негов камшикар, што треба ние граѓаните да мислиме и очекуваме од тебе како иден претседател!?  – пишува во колумна уметникот Коле Манев.

„Ајде Стево да се согласува со премиерот Заев 10 отсто или ете ќе му додадеме уште други десет, тогаш можам да го разберам, иако не е за разбирање. Ама 102 отсто почитуван Стево Пендаровски е повеќе од многу, бидејќи од државава, односно од нивата од Муртино не остана што повеќе да се ора. Зоран Заев ја обработи и по хоризонтала и по вертикала, дури влезе и кај комшиите наши за кои Заев, па и господинот Димитров не знаат на кој јазик зборуват. Токму затоа кандидатот Стево Пендаровски по вторпат ќе ги загуби и овие претседателски избори“, пишува Манев.