Манчини: Само Македонија ми е во главата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, истакнува дека размислува само за Македонија, со која неговите избраници ќе се сретнат на 24 март 2022 година во Палермо во првиот натпревар од баражот за Светското првенство во Катар.



„Мислам дека нè опушти титулата првак на Европа. Затоа не ја одработивме добро завршницата од мундијалските квалификации. Меѓутоа, шансата и понатаму е тука и јас сум оптимист. Мораме само да се фокусираме и верувам дека ќе одиме во Катар“, изјави селекторот на „аѕурите“, кој по ждрепката нагласи дека и Македонија е добра репрезентација.

„Многу тешка ждрепка за нас. Македонија е добар тим. Ќе мораме да одиграме одличен меч“, рече тогаш Манчини.