Италијанскиот селектор Роберто Манчини не го криеше огромното разочарување од поразот од Македонија во баражот за Светското првенство во Катар.
„Ова е најразочарувачката вечер во мојата кариера. Се случи нешто неверојатно. Заслужено го освоивме Европското првенство, а сега неверојатно колку немавме среќа… Но, тоа е тоа, тоа е стварноста. Жал ми е за играчите“, изјави тој по сензационалните 0:1 во Палермо.






