осегашниот министер за инфорамтичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој сега е избран за пратеник и не се враќа како член на владиниот кабинет, сепак, е можно да се врати во Владата, ама како генерален секретар.
објави Досегашниот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски ќе биде следниот генерален секратар на владата, дознава ТВ21 повикувајќи се на неофицијални информации.
Мабнчевски, за кој досега не е соопштено дека ќе биде член на новиот владин кабинет ќе го наследи Драги Рашковски, како генерален секретар на новата Влада.
Според ТВ 21, Манчевски ниту ја потврдил, ниту ја демантирал информацијата, посочувајќи дека за генералниот секретар го избира Владата, на предлог на премиерот.





