„Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции.
10 години на сите членови на СДСМ им беше забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор.
Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата?“ праша денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во одговор на прашање како го толкува бранот вработувања на роднини на функционери и пратеници.
Според Манчевски сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа,





