Македонската асоцијација на новинари МАН остро ja осудува последната желба за ликвидација од новинарката која посака смрт за колегата Горан Момироски.
Реакцијата се однесува на пораката на Јовановска „Уште тебе да те снема“, за сатиричниот пост на водителот на емисијата „Заспиј ако можеш“и новинарот на телевизија Алфа, Горан Момироски.
„Независно од психолошките мотиви на провладината новинарка на сајтот „Независен“ Слободанка Јовановска, таа со оваа своја објава на социјалните мрежи, директно преку компјутерски систем повикува на ликвидација на независниот новинар, што само по себе е закана по животот и безбедноста на Горан Момироски.
Точно е дека Јовановска има блиски релации со врвни функционери во власта, а нејзината порака да го снемаМомироски може да го поттикне било кого од нејзините следбеници и поддржувачи на СДСМ да преземат насилничекори против Момироски“, се наведува во соопштението.






