Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги повикува сите медиумски работници кои сакаат да се вакцинираат за заштита од вирусот Ковид-19, да се пријават на официјалниот емаил: man.makedonija@gmail.com, најдоцна до 19.00 часот, недела 21 март 2021 година со: име и презиме, ЕМБГ, емаил адреса и редакција, за вакцинација која ќе се изврши на 23 март 2021 година.
На барање на МАН во соработка со партнерското Здружение на новинари на Република Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија, обезбедени се вакцини АстраЗенека за вкупно 100 медиумски работници кои ќе се пријават за вакцинација, соопштија од МАН.
Терминот за вакцинација е во 12.00 часот во вторник, 23 март 2021 година во Врање, Република Србија.
МАН организираше и автобуски транспорт од Скопје до Врање и назад во вторник, 23 март 2021 година.
Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни.






