Малта слави 59 години независност, почесниот конзул Анѓушев со честитка

Почесниот конзул на Малта во Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, која годинава одбележува 59 години независност од Обединетото Кралство, стекната во 1964 година.



Анѓушев упати желби за социјална и економска благосостојба до народот на Малта.

Почесниот конзулат на Малта отворен во Скопје во 2021 година, е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните.

Малта е членка на Европската унија од 2004 година и по сите параметри котира како една од најпросперитетните економии во Европа.