Малта: По диплома – веднаш на работа

Според податоците на Еуростат, Малта е европски шампион по вработувањето на своите дипломирани студенти. Стапката на вработеност на дипломираните студенти во таа земја изнесува дури 94,5 %, што е подобро од Германија, која ее на второ место со 90,9 отсто.



Зад Германија следат Холандија со околу 90 проценти вработени дипломци, Чешката Република, каде што дури 89,9% од сите дипломирани добиваат работа. Во Австрија, 89,4 млади луѓе со диплома веднаш ќе добијат работа по завршувањето на студиите.

Следато Полска 81.2, Словенија 81.6.

Дури и во соседите Бугарија и Романија имаат висок процент – 77,7 односно  76 проценти од високообразованите веднаш наоѓаат работа.