Малку снег и хаос на патот Гостивар – Маврово – Дебар (ФОТОГРАФИИ)

Снегот предизвика хаос на регионалниот пат Гостивар – Маврово – Дебар каде сообраќајот попладнево се одвива отежнато.



Патници што попладнево возеле на оваа делница велат дека на целиот потег од Дебар до клучката на патот за Охрид забележале само едно возило – чистач на Македонија Пат.

На неколку места по патот се забележуваат и патнички и тешки возила кои принудно морале да запрат.

Една од причините за бавното и отежнатото одвивање на сообраќајот покрај неажурноста на Македонија Пат е и неодговорноста на дел од возачите кои се уште користат летни пневматици иако обврската за зимски гуми започна да важи од 15 ноември.