Малите партии го реафирмираат барањето за промена на изборниот модел – една изборна единица – во пресрет на гласањето со нов владин кабинет. Бараат измените на Изборниот законик кои се поднесени уште во март да се дебатираат во парламентот и да се изгласаат најдоцна до 15 јануари. 



Сметаат дека постојниот модел прави системско фаворизирање на 4-те најголеми партии и во финансирање за време на изборната кампања и користење на рекламен простор.

Слични размислувања имаат од коалициските ЛДП и од ВМРО-Народна.

Поддршка за една изборна единица даваат и од опозициската Левица. Апасиев вели дека тие се најоштетената партија на изборите, но коментира дека помалите партии од власта сега имаат шанса да ги условат СДСМ и ДУИ.

Повеќе

Од СДСМ коментираат дека од 2016 година се за една изборна единица, но дека измените на изборниот модел мора да бидат донесени со консензус инаку секои законски измени ќе се соочат со блокирање како шти тоа било и претходно.

Од ДУИ, кои отворено застануваа против една изборна едница, велат дека помалите партии учествувале во претходните измените на Изборниот законик и тогаш имале шанса за ова прашање, но повторно ќего разгледаат и ќе заземат став.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, коментираат дека се спремни да разговараат за секој предлог кој е во интерес на граѓаните.