Малиот Шевал покажа како се сака Македонија

Малиот фудбалер Шевал вчера со патриотски гест им покажа на сите спортски фанови и граѓани како се сака македонската репрезентација и националната химна.



Малиот Шевал за време на интонирањето на македонската национална химна “Денес над Македонија се раѓа” ја држел десната рака на срце во знак на почит кон националниот симбол.

Тој како млад фудбалер вчера ги придружуваше македонските натпревари пред мечот на кој беше совладан Гибралтар со 4 спрема 0.

Откако фудбалерите го забележаа патриотскиот гест на малиот Шевал тој доби громогласен аплауз од нив.

Шевал со својот гест посрамоти голем број македонски репрезентативци кои не искажуваат почит кон државната химна.

Пред десетина дена тоа го сторија неколку репрезентативци во бокс кои воопшто не станале за време на изведување на химната.