Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски денескаќе се обиде да преплива 64 километри во водите на Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум до Струга и назад до Охрид.
Ултрамаратонопт, кој е посветен на поддршката на лицата со ретки болести, ќе почне во 15 часот од кај Градското пристаниште во Охрид, а предвидено е кружната патека преку езерото да ја заокружи утревечер на истото место.
Марко Пејчиновски, кој и самиот има здравствени проблеми, направи подвиг кога го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид и е најмлад пливач кој ја препливал таа делница.
Извор: Плусинфо





