Малезија вратила 150 контејнери со пластичен отпад во побогатите земји порачувајќи дека нема да биде светска депонија



Регионот на Југоисточна Азија е преплавен со пластика од поразвиените западни економии како САД и Велика Британија, откако Кина престана да го увезува пренесува АФП.

Владите на земјите во регионот сега го враќаат отпадот а министерката за животна средина Јео Би Јин изјави дека Малезија вратила 150 контејнери со 3.737 тони отпад на Франција, Велика Британија и САД.