Малески на невидено прогласи победа за Османи, или знае ли што пишува во бугарскиот протокол?

Првиот шеф на македонската дипломатија Денко Малески прогласи победа на актуелниот министер за надворешни работи против дипломатската офанзива на Софија.



„Македонската дипломатија, раководена од умниот и бескрајно трпелив доктор и политичар Бујар Османи, во борбата на нерви со бугарската дипломатија, е на прагот на еден блескав успех.

Македонија, до крајот на француското претседателство, треба да почне со преговори за членство во ЕУ”, пишува Малески кој не ги коментира барањата на Бугарија кои влегоа во билатералниот договор кој Македонија мора да го прифати ако сака почеток на преговори.

Зошто катастрофалната македонска позиција Малески ја прогласува за победа е нејасно особено што никој не знае што точно содржи францускиот предлог во колумната објавена на Плусинфо.

https://plusinfo.mk/bleskav-uspeh-na-makedonskata-diplomati-a/