Малески на бугарска ТВ ги побугарчи Мисирков и Делчев (ВИДЕО)

Откако пред неколку дена во колумна наведе дека Македонците и Бугарите биле еден народ и дека Илинденското востание било обичен „бунт“ на бугарското население, првиот министер за односи со странство во независна Македонија,Денко Малески, во изјава за бугарски медиуми сега ги побугарчи и Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков.



На прашање на новинарот што биле Делчев и Мисирков, Малески одговара дека не постојат сомнежи дека тие биле „Б’лгари“.

Тој е „Бугарин, очигледно, вели Малески за Мисирков.

За Гоце Делчев пак вели:

Тоа е точно тој се определил како „Б’лгарин“, тоа е така, не може да се порекне неговото бугарско национално чуство.

Малески дури не го споменува зборот „Македонија“ и говори за „неговата држава“ дека била во деликатна фаза пред почеток на преговорите со ЕУ и оти Бугарија може да го искористи правото на вето.

Треба да се соочаат со историската вистина дека сме биле еден народ- смета професорот.

Дека Малески никогаш не му пречело да биде на највисоки државни функции а при тоа воопшто да нема никаква верба во Македонија говори и академик Блаже Ристовски, непосредно пред да почине..