Малеска: Треба да се радуваме, оти УЧК се господари во РМ и да се исплашиме од она што нѐ чека, ако не ги внесеме Бугарите во Уставот!

„Зошто жестока врева околу изјавата на претседателот на ДУИ Али Ахмети дека водството на военото и политичко движење од 2001 година ОНА направило избор Албанците во Македонија да бидат државотворци и господари во сопствената држава? Би требало да се радуваме, што направиле таков избор и што засега се држат до него. Држава на лојални граѓани е благодет, бидејќи можеби веќе дошло времето дека ние, Македонците, ќе им станеме  камен околу вратот на Албанците!“ – вели универзитетската професорка и доктор по политички науки Мирјана Малеска во својата колумна со наслов „Херои и убијци“, која е објавена на интернет-порталот на „Институтот“ за медиуми и политика.  



Иако не на директен начин, на крајот на својата колумна правејќи „дигресија – оддалечување од темата“ со користење и на изразот „херои и убијци“, Малеска прави вџашувачка паралела сосема јасно меѓу „историската  ВМРО“ и „военото и политичко движење од 2001 година“ – УЧК, па во ваков контекст пишува: Стојан Христов, наш иселеник, кој по Илинденското востание заминува во Америка, ја напишал книгата “Херои и убијци”, за која доби Пулицерова награда за публицистика и која е објавена во 1935 година. Темата е улогата на историската ВМРО. Луѓето кои се бореле за слобода на Македонија, со сите средства, вклучувајќи политички убиства и тероризам, за едни биле херои, ама за други убијци. За секој совесен човек ова би бил тежок крст на плеќи, без оглед на оправданоста на целите.

Натаму, покрај другото, авторката на колумната го изнесува и следното: Секогаш може да се најде некој порадикален од Али Ахмети. А дека е тоа така непријатно ќе се изненадиме еден ден, ако продолжи да се крева бранот против Албанците. Национализмите се хранат со омраза еден со друг. Колега од универзитет повторуваше дека Албанците, такви какви што се, ни се камен околу вратот и дека е најдобро да се поделиме и очи да не си видиме. Како што тргнале работите, ќе дојде време, ако не е и дојдено веќе, дека ние, Македонците, ќе им станеме  камен околу вратот на Албанците.

Не се далеку од вистината автори на некои коментари во медиумите, кои тврдат дека со својот говор во Сопот и картата на „Голема Албанија“ Али Ахмети сакал да ги исплаши Македонците: „Еве што ве чека ако не се согласите на уставни измени и внесување на бугарското малцинство во уставот!“ Треба да се исплашиме и добро е да се плашиме. Единствени сме во тоа што сакаме државата час поскоро да стане членка на ЕУ. Тој процент и натаму е висок и не е паметно да се игнорира.

Драматичните промени на уставот, со кои Македонија го изгуби ексклузивното право на нација-држава, мнозинската македонска заедница го доживеа како неправда, која еден ден ќе биде исправена. Но, не е можно да се формира влада без учество на албанска партија, која победила на избори. Албанците се важен политички чинител во земјата, без кој не може да се донесе ниту една значајна одлука.

Во преамбулата на уставот, во ист ред со Илинденското востание, одлуките на АСНОМ и Референдумот од 8 септември 1991 како темелници на државата,  наведен е и Охридскиот рам, туку разумен политички прагматизам. На Македонците со тоа не им е одземен државотворниот статус, ниту станале кираџии во сопствената држава. Уштe помалку дека Албанците господарат со Македонија, како што се извртуваат зборовите на Али Ахмети. Не е паметно, ниту можно да се смени Охридскиот договор.

Гласила блиски на опозицијата бараат на претстојните избори македонските партии да се обединат наспроти албанските, или, ако тоа не се постигне, гласачите на избори да ѝ дадат 61 и повеќе мандати на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе ја спасело Македонија! Многу погрешно. Етничкиот судир  е пропад за земјата. Влада составена само од сегашната опозиција, можеби со некоја незначајна албанска партија, ќе предизвика политичка криза, бидејќи ќе се усложнат проблемите. Подбуцнување зла крв е рамно на злосторство.